Centar.mk
фото Министерство за финансии
-МАКЕДОНИЈА

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 11 и 12 декември ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025, кој ќе се одржи во Истанбул, Турција. На Самитот ќе учествуваат високи претставници од влади, меѓународни организации, како и од деловниот сектор и академската заедница.

На отворањето на 11 декември министерката ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици на светската економија и значењето на градењето силни и отпорни економски врски.

На 12 декември, пак, таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“, посветена на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства помеѓу државите.

Фокусот на Самитот е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка помеѓу државите и развој на нови партнерства.
На него ќе се дискутира за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и за улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции.

Учеството на министерката ќе овозможи размена на искуства со водечките економски и политички чинители на глобално ниво.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК

Слушнал повеќе истрели од огнено оружје, па излегол да провери што е работата – полицијата пронајде 19 чаури

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.