Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Културно богатство пронајдено во возила со странски регистрации – Приведувања во Демир Хисар

На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени предмети и делови од народна носија за кои не можат да го докажат потеклото.

Предметите се прегледани од етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола.

Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК