Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски: Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици.

На денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го потврди она што го вети во неговата кампања дека започнува со целосна енергетска трансформација на образовните институции.

Со оваа мерка, градот Скопје ја продолжува својата посветеност кон одржливост, енергетска ефикасност и модерно образование, обезбедувајќи современи и економично одржливи училишта за младите.

Во прилог изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции.
Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат.
Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30% намалување на трошоците за електрична енергија.
Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град.
Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија.
Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства.
Со оваа инвестиција создадаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината.
Образованието е темелот на секој напреден град.
Тоа е основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината.

Можеби ќе ве интересира

Драматична сообраќајка на регионалниот пат кон Штип

ДЕСК

СДСМ: Ќе ја потпише ли ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата за мигрантите или не?

ДЕСК

Претреси во Скопје и скопско, лишени од слобода 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.