Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

БЛОКАДИ: Поради протест од страна на грчките земјоделци сообраќајот за ТТВ на ГП Ники ( ГП Меџитлија) е во прекин од 9 до 12 часот.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 19:35ч. сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип е во прекин поради сообраќајна незгода.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК

Вознемирувачки напад во Радишани – дете претепано од група малолетници

ДЕСК

Драматична сообраќајка на регионалниот пат кон Штип

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.