Во предновогодишниот период, кога сите посакуваме да блескаме и да се чувствуваме подобро, колагенот може да биде вистинскиот сојузник. Овој важен протеин е основата на здрави коски, зглобови и убава, затегната кожа а неговото природно производство опаѓа уште од 20-тата година, а по 40-тата дури за половина.
Peptan® Collagen Peptides од Натура Терапи нуди висококвалитетен колаген кој помага да се одржи еластичноста на кожата, да се поддржат зглобовите и коските и да се намали чувството на глад. Истражувањата покажуваат дека колагенот создава подолго чувство на ситост, дури и до 40% повеќе од обичен протеински суплемент. Влијае да се намали желбата за слатки, особено во овој период кога сме по прослаци и настани.
Ако сте љубители на благо, постои и колаген со неодолива чоколадна арома и витамин Ц, вистинско мало празнично уживање без грижа на совест.
Нутриционистите нагласуваат дека редовната употреба на колаген може да помогне во: зголемување на еластичноста и хидратацијата на кожата, намалување на појавата на брчки, целулит и стрии, поддршка на коскената маса, што е особено важно за жените по 40-тата година. Покрај додатоците, одлична празнична идеја е да се внесуваат и намирници богати со витамини и минерали кои ја поддржуваат синтезата на колаген, како сардини, наут и јачмен.
Како и секоја добра навика, и колагенот бара време. Резултатите не доаѓаат преку ноќ, но со континуирана употреба и здрави навики, за само неколку месеци може да почувствувате вистинска трансформација.
Во продавниците на Натура Терапи ќе најдете висококвалитетен француски колаген кој лесно се додава во кафе, овесна каша, супи или било кој оброк. Идеален начин да направите мал, но важен чекор кон подобра верзија од себе, токму пред почетокот на новата година.


