Centar.mk
СВЕТ

Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица

Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.

Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.

Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Мамдани објави водич за имигранти: „Вака треба да реагирате ако ве пресретне имиграционата“

C +

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

C +

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

C +
error: Соддржината е заштитена.