Centar.mk
СВЕТ

Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук.

Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30 часот по локално време. Во нападот биле користени неколку хиперсонични ракети „Зинжал“, како и десетици дронови.

Градоначалникот на Кременчук, Виталиј Малецки, соопшти дека во делови од градот има прекини на струја, вода и греење, и додаде дека екипите работат на стабилизирање на критичната инфраструктура.

Тој ги повика жителите да останат на безбедни места.

Засега нема информации за жртви или за обемот на материјалната штета.

Паралелно со нападот, експлозии биле пријавени и во Фастив, во Киевската област. Таму претходниот ден беше погодена главната железничка станица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тој напад го нарече „воено бесмислен“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, осум лица се повредени во нападите од 5 декември во регионите Киев, Лвов и Дњепропетровск.

Руските напади продолжуваат додека САД се обидуваат да посредуваат во напорите за запирање на војната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Мамдани објави водич за имигранти: „Вака треба да реагирате ако ве пресретне имиграционата“

C +

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

C +

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

C +
error: Соддржината е заштитена.