Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Новите “бомби” се спремни – Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме, a на крај ќе одговарате

Соопштение на СДСМ:

Фатена во криминал до гуша власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате!

Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон.

Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.

Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.

Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.

Не ви се плашиме.

Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите.

Новите бомби се спремни. Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме. А на крај ќе одговарате.

Работата се уште не е завршена.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.