На 03.12.2025 во 07:35 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на крстосницата од булевар „Илинденска“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 54-годишен маж од Тетово, удрило во пешак – 57-годишна жена од Тетово.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


