Ако завчера биле регистрирани 110.000 прекршоци за еден ден преку ново-активираните камери преку Сејф сити, вчера таа бројка била преполовена.
Бројот на казни напишани за вчерашниот ден бил 50.000.
Сепак овие казни се во вид на опомени и не треба да се плаќаат. Казнувањето преку новиот систем ќе започне од Нова година.
Граѓаните забележаа голем број на грешки или пак нефункционалности на новиот систем.
Некои граѓани добиле опомена затоа што поминале на црвено светло, иако тврдат дека не го направиле тоа, туку некои велат дека заглавиле во гужвите сред раскрсница, што покажува дека системот не функционира синхронизирано.
Исто така граѓани забележуваат дека добиле казни, а воопшто немале возила ниту пак се движеле во главниот град, односно некои велат дека добиле тикети на туѓи имиња.
Еден од најголемите проблеми е и тоа што казни се пишуваат и за 1 или 2 километри повеќе од дозволената брзина, па така многумина добиле по неколку казни на едно палење на автомобилот.
Ова според познавачите говори дека системот мора да има одредена отстапка за возачите кои возат малку повеќе од дозволеното, а главен фокус да се стави на оние прекршители кои прават значајни прекршувања, како вистинско преминување на црвено или возење со 20-30 повеќе од дозволеното.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


