Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Илинден, заедно со членовите на Хуманитарното здружение „Илинден“, го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје.

На приемот, градоначалникот ја истакна важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп. Градоначалникот Георгиевски истакна дека овие наши сограѓани секојдневно се соочуваат со различни бариери, како физички и социјални, така и економски, за што локалната самоуправа има обврска активно да работи на нивно намалување.

„Општина Илинден, како и досега, ќе продолжи да стои зад хуманитарните здруженија и зад сите лица со хендикеп што живеат на нашата територија. Инклузијата не е привилегија, туку основно право“, нагласи градоначалникот.

Во знак на благодарност за континуираната поддршка, Здружението му врачи благодарница на градоначалникот, кој пак им додели скромен подарок наменет за потребите на децата и за активностите на здружението.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.