Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Средба на Филипче со Костреш – продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.

На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.

Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +