Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Јаневска: правиме крупни образовни промени за поквалитетни знаења на нашите ученици и подобри резултати на меѓународните тестирања

Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен престој, затоа што нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа. За одделенските наставници од следната година ќе има задолжителна обука за читање со разбирање.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање што презема министерството за да го подобри квалитетот на образованието кој се огледува преку ниските постигања на учениците на меѓународните тестирања.

„Спроведуваме политики кои се креирани заедно со многу домашни и странски експерти кои работат во образовната сфера, но и со наставниците, кои пак со повеќе мерки ги мотивираме да бидат креативни и слободни при планирањето на наставата, за да ја направат интересна за учениците и ефективна. Ја продолживме старата Концепција за основно образование, но со измени кои ќе влијаат врз знаењата на учениците“, рече Јаневска.

Нагласи дека силна страна на националниот образовен систем е стручното образование. Во последните две години во средно образование се запишуваат околу 17 илјади ученици од кои 12 илјади или 70% се во стручни училишта.

„Имаме околу 4 илјади ученици во дуални паралелки во кои практичната настава ја реализираат 700 компании, најмногу досега. Дел од компаниите ги посетив и тие се задоволни од знаењата кои ги поседуваат децата. Затоа, ќе продолжиме да го развиваме концептот на дуално образование заедно со бизнис заедницата и со повеќе наши партнери меѓу кои амбасадите на Швајцарија, Германија, Австрија и Шведска“, рече Јаневска, потсетувајќи дека во земјата досега се основани седум регионални центри за стручно образование и обука, а осмиот ќе биде формиран следната календарска година.

error: Соддржината е заштитена.