Centar.mk
СВЕТ

Колумбискиот претседател: Трамп не размислува за демократизација на Венецуела, туку за нафта

Колумбискиот претседател Густаво Петро во интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нафтата е во сржта на притисокот кој администрацијата на Доналд Трамп го врши врз Венецуела, а не борбата против трговијата со дрога.

Тој нагласи дека Венецуела не е значаен производител на дрога и дека преку земјата минува мал дел од глобалната трговија.

„Значи, станува збор за преговори за нафта. Верувам дека тоа е логиката на претседателот Трамп. Тој не размислува за демократизација на Венецуела, а уште помалку за пазарот на дрога“, продолжил тој.

Петро ги обвини САД за империјализам и анкциите воведени од администрацијата на Трамп ги оцени како политички мотивирани. И покрај тензии меѓу двајцата лидери, американските власти истакнуваат дека односите со колумбиските институции остануваат стабилни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Ниту еден литар нафта нема да го напушти регионот ако продолжат нападите

C +

Макрон: Ни треба нуклеарна енергија, двигател на напредокот и независноста

C +

Премиерот на Ирак до САД: Нашата територија не е база за војна

C +