Centar.mk
СВЕТ

Фински аналитичар: Америка ѝ помага на Русија да го понижи НАТО

Соединетите Американски Држави, со својата улога во креирањето на мировен план за Украина, ѝ помогнаа на Русија да го стави НАТО во понижувачка позиција, смета авторот на статијата во финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Во анализата се истакнува дека предложените одредби од американскиот план покажуваат „целосно понижување на Русија во однос на позицијата на НАТО“, истакнувајќи дека Вашингтон би можел, со одлука на национално ниво, да го блокира патот на Украина кон Алијансата. Таквата позиција, се додава, би го довело во прашање основниот принцип на колективно донесување одлуки во рамките на НАТО.

Туомас Форсберг, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Тампере, оцени дека овој пристап на САД би можел да има далекусежни последици.

„Ако НАТО се распадне, тоа ќе биде поради вакви акции“, рече Форсберг, предупредувајќи дека внатрешните несогласувања и едностраните потези на водечките членки би можеле да ги ослабнат самите темели на Алијансата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +