Centar.mk
Ладен асфалт / фото Фејсбук страница на Орце Ѓорѓиевски - градоначалник на Град Скопје
ЛОКАЛНО

Се крпат дупки со ладен асфалт во пресрет на зимата – Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали на фејсбук

Се работи низ целото Скопје! Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје, Напиша градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во пост на фејсбук кој го пренесуваме во целост:

Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови.
А напролет, кога временските услови ќе дозволат, се насочуваме кон сериозна, темелна и целосна обнова на коловозите.

Паралелно, ги ослободуваме тротоарите за пешаците преку поставување на столбчиња.

Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат.

Во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно се поставува нова урбана опрема, со цел да внесеме повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.

Овие тековни зафати што денес ги гледаме се само увертира во големите проекти што следуваат.

Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува.

Ладен асфалт / фото Фејсбук страница на Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје

error: Соддржината е заштитена.