Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Милошоски на билатерални средби во Стокхолм

На маргините на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа, кој се одржа на 23 и 24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралството Шведска, потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари повеќе средби со свои колеги од различни парламенти.
На средбата со Фабио Рампели, потпретседател на Парламентот на Италија, се разговараше за можноста за унапредување на македонско-италијанските односи, поддршката која што Италија ја дава на сите држави од Западниот Балкан, како и за безбедносните предизвици во контекст на војната во Украина.

Потпретседателот Милошоски оствари средба и со Даига Миерина, претседателка на Парламентот на Латвија. На средбата беше разговарано за состојбата во ЕУ, војната и предизвиците со кои се соочува Украина, како и за пријателските билатерални односи со Македонија и можностите за нивно натамошно унапредување.

На средбата со Петер Хаубнер, втор претседател на Австрискиот парламент, во разговорот доминираа теми поврзани со одличните билатерални односи, можностите за зајакнување на стопанските врски, како заедничкиот интерес за забрзување на евроинтеграциите на сите држави од Регионот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче по обраќањето на Руте: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ

C +

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +