Centar.mk
СВЕТ

Кремљ: Немаме добиено нова верзија на мировниот план

Кремљ тврди дека сè уште не добил ажурирана верзија на мировниот план по разговорите меѓу американските и украинските претставници одржани во Женева за време на викендот.

Портпаролот, Дмитриј Песков, утрово изјави дека администрацијата на Владимир Путин ги следи преговорите и разбира дека се направени „одредени прилагодувања“ во планот, кои Русија ги доби претходно.

„Но, досега не сме добиле ништо официјално“, рече тој.

Песков додаде дека нема планови Русија да одржи разговори со американската делегација за Украина оваа недела.

Претходно денеска, претставници на САД и Украина соопштија дека изготвиле „дополнет и доработен мировен план“ за завршување на војната со Русија./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.