На 22.11.2025, во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 биле примени две телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала Јане Сандански и хотелот кој се наоѓа веднаш до неа.
Полицијата веднаш ги презела сите неопходни мерки и пристигнала на двете локации. По извршените проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави и дека нема никаква опасност за граѓаните.
Се преземаат дополнителни активности за целосно расчистување на случајот и идентификација на подносителот на лажните дојави.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


