Полицијата во Делчево поднела кривична пријава против двајца млади мажи од Кочани поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Според информациите, на 03.12.2024 година, во близина на браната Калиманци, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „БМВ“ управувано од едно лице од Кочани. Во возилото била пронајдена и одземена марихуана, а кај сопатникот биле пронајдени дополнителна марихуана и дробилка со остатоци од дрога.
По документирањето на случајот, против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава.


