Скопјанец е лишен од слобода откако полицијата при преглед кај него пронашла поголема количина марихуана и други видови наркотични средства.
На 21.11.2025 околу 20:00 часот, во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле лицето, кај кое при извршен преглед биле пронајдени недозволени дроги. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


