Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи присуствуваше на свечената седница по повод Денот на Азбуката на албанскиот јазик

 

Денес, на 22 ноември 2025 година, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, присуствуваше на свечената седница организирана од Владата на Република Северна Македонија по повод Денот на Азбуката на албанскиот јазик.

Ова е втора година по ред Владата на Република Северна Македонија да организира свечена седница во Владата на 22 ноември по повод годишнината од Денот на азбуката на албанскиот јазик.

Во својот говор, заменик-претседателот Фетаи ја истакна историската важност на Битолскиот Конгрес од 1908 година, кој го означи формирањето на современиот албански идентитет и унифицирањето на албанската азбука како еден од главните столбови на нацијата. Тој го потенцираше придонесот на преродбениците и на истакнатата личност Мид’хат Фрашери, како и значењето на азбуката како средство за зачувување на јазикот, културата и националното сеќавање.

Во обраќањето, заменик-претседателот Фетаи дополнително ја нагласи важноста на јазичната рамноправност и промовирањето на јазичната разновидност во Република Северна Македонија, повторно потврдувајќи ја посветеноста на Владата кон почитувањето, негувањето и промовирањето на албанскиот јазик и на албанскиот идентитет во сите негови димензии.

На крајот, тој упати повик за соработка и единство во градењето заедничка европска иднина и им честита на сите Албанци среќен Ден на Азбуката на албанскиот јазик.

 

error: Соддржината е заштитена.