Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Излета товарно возило – загина жена, 7 лица повредени

На 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.

Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.

error: Соддржината е заштитена.