На 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на патот Кичево–Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен маж од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а полесно повредени се 14-годишна сопатничка од селото Стрелци, кичевско, и 24-годишна жена од Романија. Повредите им биле констатирани во Општата болница Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.


