Денеска (10.11.2025) во 03:22 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, на место викано „Дрешница“, било опожарено патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(43) од с.Црн Врв.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


