Centar.mk
ЛОКАЛНО

Граѓаните на Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2026 година

Општина Илинден и оваа година го започнува процесот на изработка на Буџетот за 2026 година со активно вклучување на граѓаните. Од 10 до 24 ноември 2025 година, сите жители, здруженија и правни лица имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и забелешки за унапредување на условите за живот во општината.

Со оваа иницијатива, Општината ја потврдува својата заложба за транспарентно, одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните. Целта е преку заедничко учество да се создадат поефикасни механизми за подобрување на локалните услуги и зголемување на довербата во локалната самоуправа.

Сите заинтересирани може да ги достават своите предлози преку пополнување на анкетен лист по електронски пат на е-поштата ilinden@ilinden.gov.mk или лично во архивата на Општина Илинден, секој работен ден до 24 ноември 2025 година.

Собраните предлози ќе бидат разгледани од стручните служби на локалната самоуправа, а оние што се финансиски и реално остварливи ќе бидат вклучени во буџетските програми за 2026 година.

Можеби ќе ве интересира

Известување за воведување на нови светлосни сигнали на крстосница улица„Скупи“ со улица„Љубљанска“

ДЕСК

СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – Свечености, почит за борците и доделување награди

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода – И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

ДЕСК