Centar.mk
Фото: Министерство за земјоделство
БИЗНИС

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Она што веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека во брз период ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.

„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.

Можеби ќе ве интересира

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Планиран минус од 45 милијарди денари, почнува битката со амандманите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст и подобар животен стандард за граѓаните

ДЕСК

Вицегувернерот Величковски: По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

ДЕСК