Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Скопје добива нов Божји храм кој ќе биде посветен на Светиот Великомаченик Димитриј

Нека е за многу години! На овој голем ден, посветен на Светиот Великомаченик Димитриј, со особена духовна радост започна изградбата на нов Божји храм во Подстаница, кој ќе го носи името на светиот заштитник, напиша Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

– Скопје и Македонија се благословени со бројни цркви и манастири кои ја чуваат верата и традицијата на нашиот народ.

Овој храм ќе биде уште едно свето место каде верниците ќе се собираат на молитва, со љубов кон Бога и заедништво, порача Ѓорѓиевски.

фото Орце Ѓоргиевски / страница на фејсбук / 9.11.2025

Можеби ќе ве интересира

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

C +

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

C +

Сали: Европската интеграција е заеднички проект на државата и општеството

C +