Јапонија издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди областа на Тихиот Океан, покрај брегот на главниот остров на Јапонија.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека се очекува цунами бран во рок од неколку минути по земјотресот во неделата навечер, со можна максимална висина до еден метар.
Според Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 130 километри источно од градот Јамада, во префектурата Ивате, на главниот остров Хоншу, објавува „Њујорк тајмс“.
Предупредувањето за цунами е најниското од трите нивоа на предупредување издадени од Јапонската метеоролошка агенција. Таа им кажува на граѓаните да се евакуираат од крајбрежните области, бидејќи дури и брановите високи до еден метар можат да предизвикаат силни морски струи и да превртат помали пловила.
Оваа статија има 363 прегледи


