Centar.mk
СВЕТ

Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд

Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.

Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.

Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.

Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.

Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Издадено предупредување за цунами, евакуација по должината на брегот

ДЕСК

Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

C +

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.