Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата фати дрвосечаци – заработија кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лице(64) и лице(41), двајцата од , гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“.

Првопријавениот, континуирано во атар на с.Речане, на место викано „Краста“ вршел сеча на дрва без одобрение издадено од надлежен орган, ги превезувал со своето патничко возило „опел фронтера“ со регистарски ознаки од друго возило, а потоа ги продавал во с.Речане и околните села.

Додека, второпријавениот му помогнал на тој начин ги поставил регистарските ознаки од друго возило. на тој начин било оштетено Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар за сума во вкупен износ од 144,372 денари.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК