Centar.mk
ЛОКАЛНО

Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз

Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.

Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

C +