Centar.mk
СВЕТ

Порака до Трамп?; Северна Кореја лансира балистичка ракета

Северна Кореја денес лансира балистичка ракета, која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи.

Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.

Такаичи во Токио изјави дека им наредила на надлежните владини агенции бргу да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност во целата земја.

Агенцијата потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откога Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски поединци и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер-криминал./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп победи? Овој човек ќе се предаде: Подготвен сум да ја напуштам земјата

ДЕСК

Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт

C +

„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова

C +