Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта

Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила овој петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата.

Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата, Асеп Еди Сухер.

Во болница се примени 54 лица, пренесе Сухер, додавајќи дека повредите се со разна тежина – од полесни до потешки, вклучувајќи сериозни изгореници.

Телевизиските канали „Компас ТВ“ и „Метро ТВ“ прикажаа снимки на полициски сили и итна помош околу училишниот комплекс. На снимките од џамијата не се забележува значителна штета на објектот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт

C +

„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова

C +

Русија со Северна Кореја по лансирањето на балистичка ракета; „Тоа е нивно право“

C +