Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во четири години на електроенергетскиот систем се приклучени 1.200 мегавати од обновливи извори

Во просек секој ден по речиси 1 нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година), во Македонија има изградено нови капацитети, кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW, обелодени Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан, што се одржа во Тирана, Албанија.

„Производството на електрична енергија од сонце е реалност – елдорадото на фотоволтаични централи ја најави енергетската транзиција, што отвори процес на трансформација на електроенергетскиот сектор. Бројките се охрабрувачки, но периодот што е пред нас е полн со предизвици, а еден од нив е и балансирање на системот кога е во прашање електричната енергија произведена од обновливи извори. Мораме во оваа фаза да дејствуваме и да поттикнуваме инвестиции во енергетски капацитети, кои ќе произведуваат базна енергија. Секако, и употребата на батериите има своја улога, но неопходно е да е реализираат инвестиции со кои ќе се замени производството на струја од јаглен со гас или биомаса“, посочи Бислимоски, претседател на РКЕ.

Дигитализацијата на административните процеси при прибавување на пропишаните дозволи и документи како предуслов за зголемување на бројот на инвестиции е една од клучните пораки на учесниците на панелот посветен на тоа „како до формирање зони за побрза реализација на зелени инвестиции“.

Говорниците, меѓу кои енергетичари, економисти и функционери од извршната и од локална власт на земјата домаќин, порачаа дека енергетската транзиција ќе биде успешна само доколку и домаќинствата ги почувствуваат ефектите, а не само индустријата. Мерки и реформи за паметна енергетската зелена иднина мора да биде цел за политиките што ги водат земјите од регионот за полесно интегрирање со европскиот енергетски пазар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

C +

Николоски: Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

ДЕСК