Centar.mk
СВЕТ

Паника во американската воена база поради сомнителен пакет

Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.

Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.

Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.

Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.

Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.

Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.

Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.

Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.

Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.

Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп победи? Овој човек ќе се предаде: Подготвен сум да ја напуштам земјата

ДЕСК

Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт

C +

„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова

C +
error: Соддржината е заштитена.