На 06.11.2025 година во 19:45 часот во ПО Теарце, 54-годишен маж од с.Одри, заедно со неговиот 13-годишен малолетен син, пријавија дека истиот ден околу 18:45 часот, додека неговиот малолетен син бил заедно со неговите другари од селото и седеле во дворот на основното училиште во селото, непознато лице кон нив фрлило тврд предмет и му нанело телесни повреди на неговиот син, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


