Најмалку девет лица загинаа во пожар што избувна вечерва во дом за стари лица во Тузла, јавија босанските медиуми.
Според оскудните информации најмалку пет лица се примени во Центарот на заедницата во Тузла, а бројот расте постојано.
Пожарот е локализиран, но се стравува за поголем број на настрадани.


