Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

Изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски:

Почитувана Македонијо,

Почитувани пријатели, сограѓани,

Вечерва сакам да објавам една важна вест – голема, голема победа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ!!!

Ако некој се сомневаше, народот покажа меѓу другото дека Македонија е повторно твоја!

Ви благодарам мој народе.

Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина.

Вечерва, Македонија повторно покажа зрелост.

Победивме во Скопје. Убедлива победа на Орце. Победивме во скопски Карпош, победа и во Аеродром и Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба, со многу предизвици се одлучуваше во пет до дванаесет, знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам, тој противкандидат се обиде да профитира на името на националните поделби, на етничките поделби, не успеа, поразен е. Брвеница останува Јовица градоначалник. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево коишто досега има градоначалници од СДСМ. Победивме и во Кочани. Нашето Кочани кое мораме да издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново Облешево, Виница, Дебрца, Конче, Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се пребројуваат гласовите но морам и да признаам и да соопштам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Кичево. Кичево!!!

Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Но, и покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме, различни вери, различни припадности, против оние кои го влечеа градот надоле. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика која што им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме. Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети.

Победи идејата дека Македонија е дом за сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати.

Драги кичевчани јас сум со вас, и Кичево периодот што следи мора да биде и во владиниот фокус.

Падна митот дека Кичево е нивно или наше, мала или голема општина. Кичево е на кичевчани.

Победи надежта дека иднината не се гради со поделби, туку со почит и заедничка работа.

Таа победа не е само локална, таа е симболична.

Таа зборува за Македонија што созрева, за народ што не се плаши да се обедини околу вредностите, а не околу поделби.

Таа покажува дека народот е поголем од политиката и дека верата во подобро утре е посилна од секој страв.

Драги пријатели, помина и времето на локални шерифи, итромани кои градеа кариера преку малверзации, ситни манипулации со децении се шалтаа од еден во друг ќош само за да политички преживеат, тоа време вечерва завршува и во скопски Карпош. Тоа е порака до сите оние кои со нечесни подземни игри мислеа дека ќе го излажат народот. Епа вистината им се распрсна пред очи. Бомбата која ја спремаа за други им прсна во рака.

Исто така, дозволете ми почитувани сограѓани, да кажам дека овој резултатот е порака до СДСМ, морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл. Но, тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето.

Вечерва не славиме против некого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска.

И со одговорност пристапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака, и овие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата, туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме. И таа порака е разбрана.

Обврска да продолжиме уште посилно, да не се опуштиме ниту еден ден, и да ја претвориме надежта во конкретни резултати.

Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок.

Од Кичево до Скопје, од Битола до Куманово, од Охрид до Штип, ова е истата порака: време е за обединување, време е за работа, време е за Македонија што верува во себе.

На сите што ни дадоа поддршка, ви благодарам.

На сите што не поддржаа со збор, со глас, со надеж, оваа победа е и ваша.

На сите што гласаа различно, ја почитуваме вашата одлука и ве покануваме да бидеме заедно во работата што следи.

Затоа што нашата визија не е партиска, таа е државна.

Знам дека имаше луѓе кои овојпат не излегоа на гласање.

Знам дека некои не гласаа за нас.

И тоа е во ред. Тоа е дел од демократијата. Но, сакам искрено да им порачам: и вашиот глас, и вашата тишина – ги слушнавме.

Затоа што оваа победа не е само победа на оние што гласаа за нас, туку и обврска кон сите вас што сè уште чекате да видите голема промена.

Нема да ве убедуваме со зборови – ќе ве убедиме со дела.

Ќе работиме за секој човек, без разлика кого го поддржал.

Ќе покажеме дека Македонија е дом за сите и дека политиката може да служи, а не да дели.

Затоа, ве повикувам – следниот пат ве молам не останувајте дома.

Бидете дел од промената, дел од обновата, дел од иднината.

Затоа што само обединети можеме да ја направиме Македонија земја во која вреди да се живее. Вечерва од тука заминувам за Брвеница и Кичево. Таму ќе бидам со народот.

Од утре продолжуваме со уште поголема одговорност. Утрово рано половина час после 4 часот патуваме за Брисел. Од утре мораме да работиме за подобра Македонија.

Народот го направи вистинскиот избор и ви благодарам.

Со истата љубов кон Македонија.

Со истата решителност.

И со истата вера – дека оваа земја може да биде подобра, посилна и поправедна.Да живее и Бог да ја благослови Македонија!

фото скриншот/ фан страна на Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ВЕТЕР И ГРМЕЖИ: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете, возачот избега – полицијата трага

ДЕСК

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК