Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК