Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Почна вториот круг на гласање за Локалните избори – до 9 часот излегле 2.88 проценти од гласачите

Почна изборниот процес за вториот круг на Локалните избори.

На ниво на Македонија до 9 часот гласале 2.88 проценти од гласачите, односно вкупно 22.379 гласачи, додека на ниво на Град Скопје одзивот е 2.46 отсто.

Од ДИК посочија дека гласачките места се навреме отворени и дека гласањето тече во најдобар ред, без проблеми со изборниот материјал.

Сепак во избирачко место во Дојран имало проблем со смарт картица на уред за биометриска идентификација, но проблемот е решен по кратко време.

Во вториот круг на локалните избори граѓаните гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места.

Гласањето завршува во 19 часот, до кога своето право можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 граѓани во Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце!

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК