Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

РЕКОРД: Полицијата уапси возач со 3,94 промили алкохол – направил сообраќајка

На 02.11.2025 во 01:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода лице(47) од Тетово.

Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода со возио „ауди“ со хрватски национални ознаки во која е причинета само материјална штета.

При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека лицето е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,94 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК