Стевчо Јакимовски во недела ќе се обиде да го обезбеди својот петти мандат на функцијата градоначалник на општина Карпош. Иако во јавноста кружeа бројни шпекулации, а и теренските информации упатуваа на можност за опозициска соработка, сепак тој не доби официјална и јавно изразена поддршка од СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес изјави дека гласачите на неговата партија треба самостојно да одлучат кому ќе му го доверат својот глас во вториот изборен круг, во општините каде што партијата нема свој кандидат. Притоа тој нагласи дека трендот на намалување на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е јасно видлив и треба да продолжи.
Политичките анализи укажуваат дека одлуката Јакимовски да не добие поддршка од СДСМ може да е поврзана со фактот што минатата година беше ставен на „црната листа“ на САД.
Покрај него, на американската „црна листа“ се најдоа и бизнисмените и поранешни функционери Орце Камчев, Кочо Анѓушев, Никола Груевски и Сашо Мијалков.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


