Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.

,,Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци”, потенцира Мециновиќ.

Тој додава дека во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме.

,,И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото”, појаснува тој.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК