Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АПСЕЊА ВО ТЕТОВО: Од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Републиката

ДЕСК