Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во рамки на манифестацијата Гевгелија – Град на културата за 2025-та година, деновиве од печат излезе изданието Одблесоци на сонот – збирка со наградени книжевни творби од учениците во основните и средното училиште во општина Гевгелија и учесниците во работилниците за креативно пишување во периодот од 2022-ра до 2024-та година.
Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи кои во овој период беа испратени на литературните конкурси распишани од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни училишта и професорите од средното училиште во Гевгелија.
Овие конкурси ги опфаќаат творбите кои беа наградени на годишниот конкурс по повод „Месец на книгата“, како и расказите кои произлегоа од одржаните работилници за креативно пишување во 2023-та и 2024-та година во организација на библиотеката.
Промоцијата на збирката ќе се одржи на 3 ноември 2025 во 12:30 часот во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, а во неа ќе учествуваат ученици кои се дел од Драмската секција за деца и младинци при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ – Гевгелија.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


