СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.04.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштолот и куршуми.
На 29.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(28) од Германија, лице(22) од Гостивар и лице(32) и лице(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.10.2025 во 09:15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(28) од Р.Косово, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол- Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


