Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Руски дрон се упати кон новинарска екипа, украински војник го собори со пушка

Во украинскиот град Константинивка, руски ФПВ дрон се обиде да нападне новинарска екипа, но брзо беше запрен од портпаролот на 24-та бригада, објави украинската војска.

Инцидентот се случил додека новинар на холандскиот весник „Хет Недерландс Дагблад“ ги снимал урнатините на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, оштетена во претходните руски напади.

Додека екипата ја документирала штетата, руски дрон одеднаш се упатил кон нив. Портпаролот на 24-та бригада, Олег Петрасјук, ја забележал заканата и пукал од својата пушка. По неколку истрели, тој успеал да го собори дронот.

Целиот инцидент е снимен и на видео кое го прикажува моментот кога Петрасјук го забележува и го соборува дронот до оштетената црква./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет

C +

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

C +

Американците нападнаа три пловила во Пацификот: Дали ова е вовед во нападите врз Венецуела?

C +
error: Соддржината е заштитена.