Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ДОМ Куманово со поддршка за независниот кандидат Горан Стојковски – Диро

На денешната средба претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, м-р Сретен Стојковски, ја обзнани поддршката на ДОМ за независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Поддршката е јавно објавена и врзана за конкретни мерки во интерес на здравјето, животната средина и транспарентното управување со Куманово.

Претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ, наведе дека подршката се темели врз основа на прифаќање на следните барања кои произлегуваат од јавниот интерес и од “зелената” програма што ја застапуваме:

„Итна санација и отстранување на опасниот отпад во Табановце, реформа на инспекцискиот систем со формирање општински сектор за животна средина и комуналии, доследна примена на Законот за зеленило со минимум 20% зеленило на градежни парцели, доизградба на атмосферска канализација, заштита и обезбедување на бунарите Бедиње и Проевце, воспоставување зелени пунктови за градежен шут и целосна програма за прочистување и заштита на реката Кумановка, како и најважниот сегмент, формирање на „Совет за зелени политики“ со учество на соодветни експерти за заштита на животната околина“, рече Сретен Стојковски.

Тој додаде дека овие мерки не се празни зборови, туку интервенции кои ќе ги спасат здравјето и егзистенцијата на многу семејства во Куманово.

„Ние веруваме дека локалната власт мора да функционира транспарентно и одговорно, мора да имаме, редовен јавен отчет, вклучување на експерти и граѓаните преку Советот за зелени политики и јасни индикатори за реализација порача Сретен Стојковски.

„Ги повикуваме сите граѓани на Куманово да ја прифатат шансата за промена која не се мери во визуелен оптимизам или партиски притисоци, туку во реализирани проекти што ги штитат луѓето и природата. На 2-ри ноември гласајте одговорно, за бројот 41, за човек што се обврзува на зелени и чесни политики. За Куманово што го сакаме и што го заслужуваме“, рече претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, м-р Сретен Стојковски.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

ДЕСК

Венко Крстевски се извини на фамилијата на Панчо од ДНК, призна дека погрешил со неговата изјава

ДЕСК

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!

ДЕСК