Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

На конференцијата International Freelance Conference, организирана од Импакт фондација, се отвори една од најважните теми за современите фриленсери, нивната (не)вклученост во финансискиот систем и предизвиците со кои се соочуваат при пристап до кредитни инструменти, картички и други финансиски алатки.
Во време кога фриленсерството расте со забрзано темпо, државните институции и понатаму се потпираат на застарени модели за проценка на кредитна способност, базирани на фиксна плата и класични работни односи. Приходите на фриленсерите се променливи, неретко доаѓаат од странство, а документите се разнолики што го прави пристапот до финансии речиси невозможен.

„Фриленсерите се веќе тука, и тие не се исклучок, туку новата реалност на пазарот на труд. Новото законско решение треба да препознае дека постои цела група граѓани со стабилни, иако нетипични приходи. Доколку сакаме да ги задржиме овие млади, квалификувани луѓе во земјава, мора да им овозможиме да бидат дел од системот со пристап до пензиско, здравствено и кредитно осигурување.“, изјави Елена Ивановска, организаторка на конференцијата и извршна директорка на Импакт Фондација.

Присуството на Diners Club Македонија на конференцијата предизвика исклучителен интерес кај публиката, особено поради целосно дигитализираниот процес на аплицирање, едноставноста и практичноста на услугата.

„Горди сме што Diners Club Македонија, беше дел од оваа иницијатива која отвора важни прашања за иднината на работата и финансиската инклузија. Веруваме дека секој што заработува без разлика дали работи со полно работно време или како фриленсер треба да има фер и транспарентен пристап до финансиски производи. Diners е тука да го олесни тој пат, со иновативен пристап, дигитални решенија и поддршка на новата економија,“ изјави Весна Терзиевска, директорка за продажба на Diners Club Македонија.

Македонија денес има најмногу фриленсери на 100.000 жители во регионот дури 351 активен фриленсер, што е повеќе од Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и земјите од Западен Балкан. Токму затоа, конференцијата уште еднаш покажа дека време е фриленсерите да добијат свое место во системот со фер услови и препознатливост.

Можеби ќе ве интересира

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК

Просечната плата во август покачена за 34 денари во споредба со јули, но намалена за 486 денари во споредба со мај – Сега изнесува 45.310 денари

ДЕСК